речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Велес не излегоа да го слушнат Црвенковски

На плоштадот имаше луѓе и од Штип, и од Кавадарци, и од Прилеп, и од Скопје, и од Куманово, но најмалку имаше луѓе од Велес, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Граѓаните не излегоа да го слушнат Бранко Црвенковски, бидејќи Велес во време на СДСМ од најразвиен индустриски центар, стана најсиромашен и најуништен град во Македонија.

Ова  го изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека на вчерашниот митинг на СДСМ граѓаните на Велес не отишле да го слушаат Црвенковски.

 На плоштадот имаше луѓе и од Штип, и од Кавадарци, и од Прилеп, и од Скопје, и од Куманово, но најмалку имаше луѓе од Велес. Огромниот број автобуси криени низ улиците на Велес, благодарение на медиумите ги виде целата јавност. Граѓаните не излегоа да го слушнат Црвенковски, бидејќи Велес во време на СДСМ од најразвиен индустриски центар стана најсиромашен и најуништен град во Македонија. Граѓаните на Велес не излегоа да го слушаат Црвенковски затоа што тој не се извини на вработените од „Порцеланка“ кои во време на СДСМ беа тепани од страна на полицијата затоа што си ги бараа своите пари и своите плати.

Граѓаните на Велес не излегоа, нагласи Димовски, затоа што најголемата фабрика за порцелан на Балканот ја распарчија и ја оставија во тешки милионски долгови и поради тоа што 4.000 семејства само од оваа фабрика останале без својата егзистенција.

 Граѓаните на Велес не излегоа да го слушаат Црвенковски, затоа што тие знаат во чии раце е некогашниот државен и општествен капитал. Тој имот се наоѓа во сопственост или на „Комерцијална Банка“ или на групацијата М6 или на кланот Заеви од Струмица. Овој имот кој некогаш им припаѓаше на граѓаните и на работниците, заврши во приватна сопственост на сопартијците и соработниците на Бранко Црвенковски. Денес овие луѓе кои не се велешани се газди на големите имоти во Велес. Затоа граѓаните од Велес немаат никаква доверба ниту во Бранко Црвенковски, рече Димовски.

Истакнувајќи дека Црвенковски изнесувал невистини на митинзите, Димовски посочи оти тој и неговата партија оставиле држава со сменето име, со прифатена срамна референца БЈРМ, со сменето знаме и устав.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »